Горештината и здравјето: Информативен лист за бебиња и мали деца
Екстремна горештина или топлотен бран е период на невообичаено жешко време. Климатските промени предизвикуваат повеќе жешки денови и поинтензивни топлотни бранови во Австралија.
Екстремната горештина може да предизвика сериозно заболување, болничко лекување, па дури и смрт. Пред, во текот и после период на горештина важно е вие и вашето семејство да се разладувате и да останете хидрирани.
На горештина, бебињата и малите деца полесно може да се разболат одошто другите. Тоа е затоа што тие побрзо се прегреваат и дехидрираат, и помалку можат самите да спречат да се прегреат.
Телото на вашето дете нормално се одржува разладено преку потење и со префрлување повеќе крв кон кожата.
При екстремна горештина или ако детето е физички активно на жешко време, природниот систем за ладење на неговото тело почнува да откажува. Неговата телесна температура може да се покачи на опасно ниво, доведувајќи до тешко заболување предизвикано од горештина, вклучително топлотен удар и истоштеност од горештина.
До заболување предизвикано од горештина е поверојатно да дојде ако детето е дехидрирано и не може да произведе доволно пот за да се разлади.
Не е секогаш лесно да се рече дали на вашето бебе или мало дете влијаело жешкото време. Кога надвор е жешко, важно е да проверите дали се појавиле следните знаци на дехидрација или заболување предизвикано од горештина.
Сериозна дехидрација или сериозно заболување предизвикано од горештина
Блага дехидрација или благо заболување предизвикано од горештина.
Ако вашето бебе или мало дете има симптоми на сериозна дехидрација или заболување предизвикано од горештина, јавете се на три нули (000) и побарајте брза помош (ambulance).
Ако вашето бебе или мало дете има симптоми на блага дехидрација и сте загрижени, отидете кај вашиот доктор или телефонирајте на healthdirect на 1800 022 222 за здравствени информации и совети 24 часа дневно, 7 дена во неделата.